Тим билдинг – Јахорина и Сараево

The event is expired

Тим билдинг

“Здрави и среќни вработени се клуч за успехот на секоја компанија”

07-10 септември 2023 (четврток – недела)

Хотел Лавина, Јахорина и Сараево

Цена: 27.500 денари

Предавачи:
Г-ѓа Рената Аиновска Талевска, нутриционист, лидер на Food Balance Club
https://www.facebook.com/people/Food-Balance-Club/100043063245140/
https://www.instagram.com/foodbalanceclub/?utm_medium=copy_link&hl=en

Г-ѓа Наиле Елези, Mindfulness master trainer, сопственик на Brain Tree
https://www.facebook.com/braintreenlp/
https://www.instagram.com/naileethemi/?hl=en

Човечките ресурси се клучот за успех на секоја компанија и секоја инвестиција во нив е вредна и исплатлива.

Ајде на тим билдинг од кој имаме големи очекувања поради атрактивните теми кои се внимателно избрани. Сите сакаме да бидеме здрави, да се чувствуваме и да изгледаме убаво како и да сме опкружени здрави и среќни лица.

Темите кои ги избравме се со клучни зборови: балансирана исхрана, протеини, јаглехидрати, масти, глутен, лактоза, аутофагија, поспаност, замор, нерасположеност, мотивација за спортски активности, јога, планинарење, фитнес, скокање јаже, мускули, масти во телото и уште мноогу “жешки” теми.

Летото полека завршува и сега е одличен момент да се измотивираме да ја задржиме “бикини формата” и расположението a есенската депресија да ни стане неинтересна тема.

Што ќе научиме?
• Како да ја се храниме кога сме на работа, за ручек, на службено патување, пред и по спортување;
• Како да препознаеме дали можеби имаме предиспозиции за чувствителност на глутен, лактоза и сл.;
• Зошто аутофагијата и веганството се толку популарни?
• Зошто сонот е многу важен за убав ден и како да го подобриме и како правилно да дишеме;
• Како да си помогнеме да се откажеме од цигари или да измотивираме некој свој близок да се откаже (ветуваме нема да бидеме напорни);
• Како да си ги препознаеме емоциите и како да реагираме на нив;
• Вежби кои треба да ги направиме кога се чувствуваме без енергија или кога сме под стрес;
• Како да реагираме во ситуации кога имаме недоразбирање со колегите.

Како ќе учиме?
• Пред тргнување на ова патување ќе добиете предлози со намирници кои се препорачливи да се понесат за консумирање кога патуваме;
• Во хотелот пред некои оброци ќе имаме часови за тоа што и како да комбинираме од она што се нуди за појадок, ручек или вечера, за да се чувствуваме лесно, а телото да искористи максимум од храната;
• Ќе имаме часови во природа за подобрување на психичкото здравје, за тоа колку е важна и како влијае на нас физичката активност;
• Ќе учиме како да се мотивираме и како да ја одржуваме мотивацијата;
• Умерено ќе спортуваме заедно.

Што сакаме да постигнеме?
• Како да ја комбинираме храната и како да знаеме што е најдобро да јадеме на работа, за ручек, на пат, пред и по спортување итн.;
• Како да немаме надуен стомак после оброк;
• Како да не ни паѓа енергијата и да не ни се приспива после некои оброци на работа кога треба да сме фокусирани.

Дали овој тим билдинг е за Вас и Вашите вработени? Да, ако:
• Сакате вработени на кои ќе им овозможите да научат за балансирана исхрана;
• Сакате тим кој ќе биде мотивиран;
• Сакате вработени на кои ништо не им е тешко да сработат;
• Сакате фит вработени кои не се жалат на хроничен замор или лоши мисли;
• Сакате убава енергија на работното место, со теми на разговор помеѓу колегите за здрава храна, спорт, резултати од промени на исхрана или од тренинзи, активни викенди, магнезиум…
• Сакате вработени и колеги кои се чувствуваат лесно, енергично, расположено, мотивирано и среќно!

На 1916m надморска висина на Јахорина ќе дишеме чист воздух, ќе уживаме во мирот кој го нуди, ќе ја иницираме среќата во нас, ќе си дадеме шанса да бидеме подобри личности, подобри колеги.
Ќе има предизвици, натпревари, награди за најдобрите, изненадувања а и follow up за сите кои сакаат бидејќи во друштво се е полесно. По завршување на тим билдингот ќе продолжиме да учиме, меѓусебно да се мотивираме, да споделуваме резултати.

Понесете единствено удобна, топла и по некое парче водотпорна облека, облека за спортување, јога мат или било каква постилка која ќе ја користиме на часовите во природа, водоотпорни патики или чевли за на планина.

Магнезиум за сите ќе понесеме ние, за секој случај

P.S. Научете како да реагирате на комплименти бидејќи промената ќе биде забележана!

Програма:

07.09.2023
21.00h – тргнување од паркингот пред СЦ Борис Трајковски, патување во ноќните часови;

08.09.2023
11.00h – пристигнување, пријава и сместување во хотел, слободно време;
14.00h – состанување на групата и прва работилница за оброк на планинарење;
15.00h – ручек;
17.30h – групна прошетка низ Јахорина и вежби за дишење, за намалување на стресот и за повеќе енергија;
20.00h – вечера;
21.00h – дружба/забава на групата во Ресторанот на хотелот, со здрави пијалоци и dance музика.

09.09.2023
08.00h – групна подготовка и обука за комбинации од понуделното во хотелот за здрав појадок за лесен стомак преку целиот ден
09.00h – појадок
10.00h – часови во природа за техники за откажување од цигари и за подобар сон
15.00h – малку поинаков ручек со претходен час за храната (без месо, без млечни производи, без јајца и без риба)
17.00h – заедничка прошетка и тимска игра во природа
19.00h – Презентација и едукација „Што е глутен? Дигестија на глутенот. Храна со глутен, наспроти храна без глутен. Кога да се посомневаме дека можеби сме интолерантни на глутен?
20.00h – вечера
21.00h – дружба/забава на групата со здрави пијалоци и dance музика

10.09.2023
08.00h – групна подготовка на здрав појадок за енергија за целиот ден
09.30h – Појадок
11.00h – одјава и тргнување кон Сараево (можност за спуштање до Сараево со жичара)
15.00h – тргнување кон Скопје со попатни паузи
Пристигнување во Скопје во ноќните часови, со добра мисла и рамен стомак.

Во цената се вклучени:
• Автобуски превоз со туристички автобус;
• Сместување во хотел Лавина, Јахорина 4, на база полн пансион (појадок, ручек, вечера) со вклучено користење на СПА центарот вклучена туристичка такса;
• Транспорт од хотелот до Сараево со жичара (во зависност од временските услови);
• Еден поинаков начин на учење, спортување и дружење!

Пријава на www.forumacademy.mk

Рок за пријава и плаќање до пополнување на капацитетите.
*Пополнувањето на групата ќе биде согласно принципот на прв пријавен, прв услужен.

Тргнување
07.09.2023

21.00h – тргнување од паркингот пред СЦ Борис Трајковски, патување во ноќните часови;

1.ДЕН
08.09.2023

11.00h – пристигнување, пријава и сместување во хотел, слободно време; 14.00h – состанување на групата и прва работилница за оброк на планинарење; 15.00h – ручек; 17.30h – групна прошетка низ Јахорина и вежби за дишење, за намалување на стресот и за повеќе енергија; 20.00h – вечера; 21.00h – дружба/забава на групата во Ресторанот на хотелот, со здрави пијалоци и dance музика. 21.00h – дружба/забава на групата во Ресторанот на хотелот, со здрави пијалоци и dance музика.

2.ДЕН
09.09.2023

08.00h – групна подготовка и обука за комбинации од понуделното во хотелот за здрав појадок за лесен стомак преку целиот ден. 09.00h – појадок 10.00h – часови во природа за техники за откажување од цигари и за подобар сон 15.00h – малку поинаков ручек со претходен час за храната (без месо, без млечни производи, без јајца и без риба) 17.00h - заедничка прошетка и тимска игра во природа 19.00h – Презентација и едукација „Што е глутен? Дигестија на глутенот. Храна со глутен, наспроти храна без глутен. Кога да се посомневаме дека можеби сме интолерантни на глутен? 20.00h – вечера 21.00h – дружба/забава на групата со здрави пијалоци и dance музика

3.ДЕН
10.09.2023

08.00h – групна подготовка на здрав појадок за енергија за целиот ден. 09.30h – Појадок 11.00h – одјава и тргнување кон Сараево (можност за спуштање до Сараево со жичара) 15.00h - тргнување кон Скопје со попатни паузи Пристигнување во Скопје во ноќните часови, со добра мисла и рамен стомак.

Event Detail

септември 7, 2023 6:19 pm
септември 10, 2023 6:19 pm