Обука на тема
“Зголемување на продуктивноста преку менаџирање на стресот и подобрување на психолошкиот имунитет на вработените”
14-17 март 2023
ЗЛАТИБОР со посета на СИРОГОЈНО, ДРВЕНГРАД и Врњачка бања
Почитувани,
Ве покануваме на обука на тема “Зголемување на продуктивноста преку менаџирање на стресот и подобрување на психолошкиот имунитет на вработените”во периодот од 14-17
март во Хотел Букет – Златибор. Предавач на обуката ќе биде г-ѓа Наиле Елези – сертифициран NLP master trainer и master coach и Mindfulness master trainer.
Програма:
14. 03.2023 22:30h – тргнување од паркингот кај СЦ Борис Трајковски
15.03.2023 – Посета на етно село СИРОГОЈНО, сместување во хотел, вечера
16.03.2023 – Појадок, Обука од 10:00 – 15.00h, потоа посета на ДРВЕНГРАД, изворот Бела
Вода и познатата железница Шарганска Осмица, вечера
17.03.2023 – Појадок, одјава од Хотел, попатна посета и прошетка низ променадата во
Врњачка бања. Слободно време за ручек и шопинг. Тргнување кон Скопје.
Во цената е вклучено:
- Превоз за целото патување со високотуристички автобус;
- Сместување во еднокреветни соби во хотел Букет http://www.buketzlatibor.com/ на база ноќевање со појадок и вечера;
- Користење на Спа центар – затворен базен, хидромасажна када, топли клупи, солена соба, парна бања, финска и био сауна, фитнес центар;
- Обука со кафе пауза и вода или сок;
- Туристичка такса;
Рок за пријава и плаќање: 05.03.2023