“САЈБЕР НАПАДИ: Добра пракса за превенција и справување со најчестите типови на сајбер напади”

The event is expired

Научете како да се заштитите од рансомвер и фишинг нападите и како да спречите хакирање на вашиот веб-сајт. Како да постапите ако сепак станете жртва на успешен сајбер напад. Добри практики за превенција и справување со сајбер напади и инциденти. Како да ја подобрите отпорноста на вашата организација.

Предавач: Александар Ацев, CISA, CISM, ISO 27001 Lead Auditor, ISO 27005 Risk Manager

Сесија 1: Сајбер безбедност и влијание на луѓето, информациските средства и услугите во вашата компанија.
10:00 - 10:30

- Примена на основни мерки и контроли за подобрена сајбер безбедност во организацијата. - Баланс меѓу инвестиции и придобивки поврзани со сајбер безбедноста. - Примери за Сајбер безбедност базирана на процена на ризици и концепти на слоевита безбедност и “Zero Trust” безбедност.

Сесија 2:  Фишинг напади: препознавање и справување
10:30 – 11:00

- Што се Фишинг напади и најчести знаци за лажни пораки? - Што да правам ако веќе кликнав на врската од пораката / го отворив додатокот? - Практична вежба и дискусија

Пауза
11:00 – 11:30
Сесија 3:  Рансомвер
11:30 – 12:00

- Како да се подготвите и кои алатки да ги користите - Што после успешен Рансомвер напад? Да се плати откупнина или не? - Постапки и процедура за опоравување од успешен напад.

Сесија 4: Сајбер безбедност на вашиот веб-сајт
12:00 – 12:30

- Како до безбеден веб-сајт кој ќе биде отпорен на сајбер напади - Примери за хакирања на веб сајт и најлесно злоупотребени ранливости - Основни мерки и добра пракса за зголемена безбедност.

Сесија 4: Прашања и одговори
12:30 – 12:45

Прашања и одговори

Event Detail

јануари 25, 2023 10:00 am
јануари 25, 2023 12:45 pm