ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ НА ФОРУМ АКАДЕМИ
Оваа политика на приватност дава општи информации за обработката на лични податоци кога ја посетувате нашата интернет страна и/или користите некоја од услугите преку истата. Ги собираме само оние лични податоци кои се неопходни да ги оствариме нашите законски задачи и овластувања.
Личните податоци се обработуваат во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податоци.
Чии податоци собираме
Можеме да собираме податоци поврзани со следниве категории на лица:
- Посетители на нашата интернет страна www.forumacademy.mk. Вообичаено собираме податоци за навигација (види подолу) кои се користат за анализирањето на податоците од посетите на нашата веб- страна како и за одржување на информациска сигурност на нашата веб страна. Повеќе за употребата на колачиња прочитајте ја нашата политика за користење на колачиња.
- Учесници на обуки, конференции и настани – Лични податоци за цели на спроведување на обуки и настани организирани од Форум Академи.
Категории на податоци кои се обработуваат
- Податоци за навигација
При посетата на нашата интернет страна серверот, за секој посетител се креираат логови со следниве податоци:
- Вашата интернет протокол (IP) адреса;
- Уредот од кој пристапувате, вид и модел;
- Вашиот оперативен систем;
- Видот на пребарувачот, plugins и верзија;
- Страните кои ги посетувате на нашата веб-страна и времето кое го минувате на секоја страна;
- URL на страната која ве префрлила на нашата веб-страна и во некои случаи, термините кои сте ги користеле во обидот да ја најдете страната на Форум Академи;
- Јазикот на пребарувачот кој го користите;
- Држава (се одредува преку IP адресата).
Самостојно ги одржуваме серверите и сите активности на веб страната ги спроведуваме интерно, вклучувајќи ги логовите кои се креираат и анализирањето на податоците кои се пренесуваат од посетите на нашата веб- страна.
- Податоци кои корисниците доброволно ги доставуваат
Лични податоци кои ги прибираме од Вашата посета на нашата веб- страна, се оние кои Вие доброволно ги доставувате за да аплицирате на некоја од обуките, вебинар или друг настан објавен на сајтот www.forumacademy.mk.
Може да собереме некој од следниве категории на лични податоци: име и презиме, адреса, контакт телефон, email. Податоци за субјект доколку аплицирате по насока или во име на правно лице, адреса на правниот субјект и даночен број.
Како ги собираме личните податоци
Личните податоци ги собираме преку различни канали, вклучувајќи:
- преку Вашето користење на нашата веб страна, вклучувајќи ги овде и формите за аплицирање;
- преку нашиот email: info@forumacademy.mk
- преку пошта.
Категориите на корисници на лични податоци
Активностите на обработка на лични податоци поврзани со on-line услугите достапни преку интернет страната на Форум Академи, се извршуваат од страна на лица овластени за тоа кои имаат потпишано Изјави за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци.
Не споделуваме податоци за Вас и/или за Вашата посета на нашата веб страна, на трети лица, освен во следните случаи:
- Ангажирање на предавач, обучувач, експерт и сл. кој може да дојде во допир со личните податоци но затоа секогаш при потпишувањето на соодветен Договор за нивен ангажман од страна на Форум Академи, тие потпишуваат и Изјави за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци.
- По барање на суд, полиција или други органи и тела за вршење на нивните надлежности и само ако постои законски основ за тоа.
Време на чување на собраните податоци
Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката.
Кои се Вашите права?
Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:
- право да бидете информирани за обработката на личните податоци
- право на пристап до личните податоци
- право на исправка и бришење на личните податоци
- право на ограничување на обработката на личните податоци
За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да не контактирате на e-mail: info@forumacademy.mk.
Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности.